Милан киксна со Болоња и ја “вжешти“ битката за титулата во Серија А!

164

Вечерва во меч од 31.коло во Серија А на “Сан Сиро“, Милан одигра само 0:0 против аутсајдерот Болоња, и со тоа загуби два златни бода во битката за титулата. Фаворитот во текот на целиот меч притискаше, ја имаше иницијативата, имаше и шанси, но никако не успеваше да дојде до водство. Болоња пак, посебно во првиот дел, имаше две големи шанси како производ на контрите и полуконтрите.

Со овој бод сега Милан и натаму е прв на табелата во Серија А со 67 бодови, само бод повеќе од Наполи. Шампионот Интер, кој вчера го победи Јувентус, има 63 но имеч помалку, токму тој со Болоња.

Да кажеме дека Ибрахимовиќ влезе во игра во 70.минута, а во 80.минута се здоби со повреда па мораше главата со завој да му биде преврзана.

ПретходноЕмотивна порака за Синиша Михајловиќ на „Сан Сиро“ (ФОТО)
СледноКристал Палас со ТРОЈКА го “поздрави“ Арсенал! (ВИДЕО)