И дефинитивно јасно е дека нашиот репрезентативец Висар Муслиу во последно време игра во фантастична форма. Прво тоа го покажа во Палермо против Италија каде беше најдобар на теренот во победата од 0:1, а потоа одличен беше и во Порто, каде Македонија загуби со 2:0 во финалето од плеј – офот за пласман на СП во Катар. Своја супер форма стоперот ја потврди викендов за својот Инголштад, во меч во кој Муслиу не само што постигна прекрасен гол туку беше еден од најдобрите на теренот во победата против Ауе.
Токму затоа “Кикер“ го стави македонскиот репрезентативец во тимот на колото во 2. Бундеслига.
Апсолутно заслужено…











