Полувреме во ПМФЛ: Тиквеш убедлив, водат и Работнички и А. Пандев…

211

Завршија првите полувремиња од петте мечеви во ПМФЛ кои започнаа од 15 часот. Со головите на Каракамишев и Спахиу во 39. и 41. минута, Тиквеш дома води со 2:0 против Струга Трим Лум. Во Прилеп тимот на Работнички со голот на Максимов води со 0:1 против Брегалница. Води и А. Пандев на гости кај Борец и тоа со голот на Ангелов.

Интересна битка под Шара, сепак Ренова и Македонија ЃП играат 0:0 по првото полувреме. Шкендија со Шаќири не успеа да го “скрши“ Пелистер во Битола, и таму нема голови.

ПретходноГо продава дресот на Марадона, ќе заработи богатство!
СледноПандев излезе на 1:2, на крајот Парма победи со 4:3!