Карим Бензема постигна два гола на „Стемфорд Бриџ“ и Реал Мадрид осигура убава предност од 2:1 против европскиот првак Челзи во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. И двата гола Бензема ги постигна со глава. Првиот беше убава двојна акција со Винисиус, по која Бразилецот нафрли, а Французинот погоди.
Три минути подоцна Модриќ нафрли, а Бензема со глава уште еднаш го матира Менди на голот на „сините“. Во 40. минута Челзи намали. Германецот Каи Хаверц го најде патот до мрежата на Реал и ја врати надежта на својот тим дека може да ги поправи работите после лошите први 25 минути.
А на „Де ла Керамика“ екипата на Виљареал води со 2:0 против Баерн. „Жолтата подморница“ која направи чудо со елиминацијата на Јувентус во претходното коло, сега е пред чудо против Баерн. Во 8 минута погоди Данџума. Во 41 минута Кокелин погоди за удвојување на водството, меѓутоа судијата Тејлор по прегледување на снимка го поништи голот поради офсајд.