Монструозен кам-бек на ТФТ против Академија ФМП

114

ТФТ со голем пресврт во последната четвртина успеа да дојде до убедлива победа од 86-76 над Академија ФМП во претпоследното коло од регуларниот дел од сезоната.

Тимот од Тафталиџе во последните десет минути отвори со серија од 16-0, незапирлив беше Александар Костоски, кој мечот го заврши со 25 поени.

На стартот на последниот период имаше негатива од 61-68, за кратко време дојде на плус 76-68 и продолжи да ја зголемува предноста.

Костоски беше најефикасен во редовите на ТФТ со 25 поени, Хортон имаше 20. Во редовите на поразениот тим се истакна Крстајиќ со 22 поени.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Бензема го „толчи“ Челзи, Баерн ем губи, ем не шутна на гол (видео)
СледноНема четвртфинале за Митревски и Порто