Фото: Twitter/EvertonFC
Интересен меч со пет гола се одигра на „Турф Мур“ каде домашниот Барнли го совлада Евертон со 3:2 во меч од Премиер лигата. Колинс во 12. минута го доведе Барнли во предност, но Ришарлисон со два гола од пенал го сврте резултатот во корист на Евертон (1:2).
Но во второто полувреме се стопија „карамелите“. Во 57 минута Џеј Родригез изедначи, а пет минути пред крајот Макс Корне погоди за победа на Барнли.
Барнли со оваа победа прекина низа на порази и остана на 18. место на табелата но сега има 24 бода, еден помалку од Евертон кој е веднаш над нив, на 17. место. „Карамелите“ неочекувано место да се борат за врвот тие се најдоа во позиција да стравуваат за опстанокот.