Младинската екипа на Динамо Киев го одигра првиот официјален меч на украинска екипа по почетокот на војната со Русија. Тимот во Букурешт го играше одложеното осминафинале на младинската Лига на шампиони против Спортинг Лисабон и загуби со 1:2.
На мечот можеа да се видам солзи и плач кај младите фудбалери на кои не им е лесно да заиграат фудбал по случувањата во нивната татковина. Инаку тие се во главниот град на Романија уште од март. Благодарение на сопственикот на ФКСБ Џиџи Бекали им беше дозволено да тренираат на стадионот на овој клуб.
Сениорскиот машки тим на Динамо исто така тренира во Романија од почетокот на април и се спрема за неколку пријателски натпревари како на пример со Барселона и Пари Сен Жермен, а приходите ќе одат за жртвите во Украина.
Dynamo vs Sporting im the Youth League. pic.twitter.com/3d5Um8fIjl
— Emanuel Roşu (@Emishor) April 7, 2022