Пирова победа на Пик Сегед, Флензбург оди во четвртфинале

108

Ракометарите на Флензбург се претпоследниот учесник во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони. Германскиот состав вечерва беше минимално поразен на гостувањето во Унгарија против Пик Сегед (36:35), но поради триумфот со 4 гола разлика на првиот меч на домашен терен на крајот обезбеди место меѓу осумте најдобри.

Одличен меч за Флензбург вечерва имаше шведското крило Ване кој мечот го заврши со 9 гола. Победата на Пик Сегед главно ја донесоа Фримел со 6 и Габер со 5 погодока.

Германскиот состав во четвртфиналето на ЛШ ќе се сретне со екипата на Барселона.

ПретходноПиоли добива 100 милиони евра за летни трансфери
СледноАталанта непоразена во Лајпциг, Славија (П) во 94. минута извлече реми во Ротердам (ВИДЕО)