40-годишната американска тенисерка Серена Вилијамс на социјалните мрежи објави видео во кое најавува враќање на тениските терени и тоа за време на Грен Слемот на Вимблдон.
„Разговаравме за моето враќање, тој ме подготви за Вимблдон. Едвај чекам!”. вели Серена во разговор со НФЛ играчот Арон Роџерс.
Роџерс ја праша дали ќе игра на УС Опен оваа година, на што Серена му одговори:
„Вимблдон пред УС Опен. Прво треба да се игра Вимблдон“.
„Таа се враќа“, додаде Роџерс.