Халанд е „фит“, утре ќе игра за Борусија (Д)

95

Ерлинг Халанд најверојатно ќе биде во тимот на Борусија Дортмунд за мечот против Штутгарт утре во новото коло од Бундеслигата. Иако не е целосно опоравен од повредата на скочниот зглоб, 21-годишниот напаѓач ќе биде во изборот за мечот. Тој се повреди за време на настапот за норвешката репрезентација пред повеќе од една недела.

„Скочниот зглоб на Ерлинг не е во совршена состојба, но генерално е добар“, изјави за медиумите главниот тренер на Дортмунд, Марко Розе.

Младиот голгетер кој во последните месеци се лекуваше од различни повреди, не одиграл меч во првенството од 22 јануари.

ПретходноПретепан ракометар на Бутел, во болница се бори за живот!
СледноРодителите на претепаниот хрватски ракометар се на пат за Скопје, не знаат што се случило