Барса и на Араухо во новиот договор му стави клаузула од 1 милијарда евра!

163

Како што утрово објави новинарот Фабрицио Романо, документите за продолжување на договорот на уругвајскиот дефанзивец Роналд Араухо со екипата на Барселона наскоро ќе бидат готови.

Тимот на Араухо и раководството на Барселона и официјално постигнале договор за продолжение на соработката. Според информациите, новиот договор на Араухо ќе биде до јуни 2026 година, а во истиот ќе има клаузула за предвремен раскин во висина од 1 милијарда евра.

Од Барселона се повеќе од оптимисти и за продолжување на договорот со уште една млада ѕвезда на тимот, Гави.

ПретходноНа повидок скандал: „Шпигел“ тврди дека Манчини во Сити земал плата „на црно“
СледноПочнува Ф4 турнирот од Купот: Струмица голем фаворит за осмиот куп-трофеј