Почина ракометарот Денис Тот

298

И покрај напорите да му го спасат животот на целиот лекарски тим на КАРИЛ клиниката во Скопје, сепак, ракометарот на РК Бутел, Денис Тот предмалку починал.

Оваа информација сеуште не е потвдена официјално од институциите од кои се чека секој момент да реагираат со соопштение.

Денис Тот синоќа бил донесен на клиниките во Скопје, во многу тешка здравствена состојба, но без знаци на насилство на неговото тело. Ова за Фокус го потврди и директорката на клиниката Маја Мојсова, а и МВР потоа објави соопштение. Во него исто така беше потврдено дека врз телото на Тот не се најдени траги на насилство.

 

ПретходноМајсторски гол од корнер (ВИДЕО)
СледноКлоп: Ова е еден од најголемите предизвици, а Сити нема слабости (ВИДЕО)