Марко Асенсио е можната следна голема звезда на тимот на Милан. Сегашниот член на Реал Мадрид им договор со „Кралевите“ до јуни 2023 година и полека но сигурно клубовите кои се заинтересирани за него го контактираат неговиот сегашен клуб.
Според повеќе медиуми во Италија, Асенсио во моментов има плата од 5 милиони евра, нешто што Милан и може да си го дозволи, но од друга страна пак претпоставките се дека доколку Асенсио и би се одлучил да го напушти Реал, тоа би го направил за повеќе пари.
Па така, неговите барања секако би стигнале до 7 милиони на годишно ниво, нешто што Милан на крајот со оглед на неговите квалитети и би се решил да ги прифати.