Мемфис „брутален“: 55 поени во една четвртина, рекордни асистенции (ВИДЕО)

85

После два порази во низа, Мемфис на домашен терен го декласираше Њу Орлеанс, го совлада со 141-114.

Триото Брукс, Морант и Кларк, го предводеше својот тим до убедливиот триумф. Мемфис посебно импресионираше во третата четвртина во која постигна 55 поени, па на почетокот на последната четвртина имаше предност од 42 поени (122-80). На голема среќа домаќинот се опушти, па Њу Орлеанс успеа да го „ублажи“ поразот.

Мемфис на оваа средба имаше вкупно 41 асистенција, што пак е клупски рекорд.

Брукс беше најефикасен со 23 поени, Морант запиша 21 и 9 асистенции, додека Кларк стигна до 20 поени. На другата страна Си Џеј Меккалум заврши со 16 поени.

На останатите две средби, Голден Стејт славеше кај Сан Антонио со 100-94, додека пак ЛА Клиперс беше подобар од Сакраменто со 117-98.

ПретходноМакедонецот Волкановски го демолираше „Корејското зомби“ и ја одбрани титулата (ВИДЕО)
СледноЛеклер победи во Австралија, фијаско на големиот ривал!