Пелистер со победа го затвори регуларниот дел од сезоната, откако на домашен терен по пресврт го совлада ТФТ. Во Битола како да се играше НБА натпревар, паднаа 216 поени, а домаќинот беше подобар со 110-106.
Кошаркарите на Пелистер беа во негатива во последната четвртина, Малешевиќ, Стајиќ и Кесар беа лидери.
Токму во овој период, Пелистер постигна 27 поени, на другата страна актуелниот освојувач на Купот на Македонија постигна 15.
Малешевиќ имаше екстра учинок од 38. поени на овој меч додека следен на листата кај домашните беше Кесар со 19. Бишоп кај гостите најдобар со 21. поен.