По голема борба, Работнички го освои Купот на Македонија

252

По пауза од три години, одбојкарките на Работнички повторно го освоија одбојкарскиот Куп на Македонија. Во извонредно финале, скопските ривали покажаа дека и оваа сезона ќе имаме исклучително интересна завршница на одбојкарскиот шампионат кај дамите.

Шампионките Јанта Волеј КВ стартуваа подобро и успеаја да го освојат првиот сет од финалето со 25:19. Ова водство најави сосема поинаков интензитет на игра во наредните три сета во кои и двата тима беа многу блиску до освојување на секој сет.

Работнички покажа дека има повеќе нерви во завршницата на сетовите и по голема борба сите три наредни сета ги доби со минимална предност од само два поени. Тоа, сепак, беше доволно за голема радост на „црвено-белите“.

КУП НА МАКЕДОНИЈА

ФИНАЛЕ:

РАБОТНИЧКИ – ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ 3:1 (19:25, 25:23, 25:23, 25:23)

Кавадарци, сала: „Јасмин“, судии: В. Ристовски и Н. Саздовски (асистенти: Здравески и Петровска)

РАБОТНИЧКИ: Јонузи, Баталковска, Наумовска, Ѓурѓевиќ, Николова, Стојанова, Шукулоска, Касоска, Лазарова, Павловска, Бончева, Реџалари, Поп Јордановска (л), Трајковска (л)

ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ: Бошковска, Осипчук, Стојановска С., Џипунова, Маројевиќ, Стојковска, Тасевска, Проковиќ, Собол, Машковска, Стојановска М., Овчарска, Димитриоска (л), Антеска (л)

ПретходноГолемото дерби на Сити и Ливерпул без победник (ВИДЕО)
СледноГотово е: Денеска и официјално згасна уште еден познат клуб во Италија!