Нашиот најдобар возач Игор Стефановски Иџе го освои второто место на трката од Сен Жан ду Гард до Кол Сен Пјер во Франција од рамките на Европскиот шампионат на ридски патеки.
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски, по пауза од седум години, повторно ќе вози во Европскиот шампионат на ридски патеки, под капата на ФИА. Иџе ги освои титулите во 2014 и во 2015 година, па сезонава како искусен ќе ја предизвика новата конкуренција, на старите патеки.
Следната трка е во Рампа да Фалпера во Португалија од 6 до 8 мај.