Кошаркарските репрезентации за играчи до 14 години во машка и во женска конкуренција претрпеа нови порази на YDF турнирот во Призрен, кој е дел од проектот „Заедно до М16“.
По поразите од Косово во првото коло, вчера во дуелите од втората рунда нашите млади надежи беа совладани од соодветните селекции на Турција.
Во женскиот дуел, младите кошаркарки на Турција славеа победа од 71:43.
Во натпреварот во кој играа машките селекции, репрезентацијата на Турција делуваше мошне убедливо и го совлада нашиот национален тим до 14 години со 98:58.
Според распоредот денеска играме против репрезентациите на Романија, додека учеството на турнирот ќе го затвориме, еден ден подоцна, со двомечот против репрезентациите на Бугарија.