Победи па со глуп потег си ја „закопа“ кариерата (видео)

660

Русинот Артем Северјуким доби отказ од својот тим во картинг поради однесувањето на подиумот за време на примањето на трофејот за најдобар на стартот на сезоната на Европскиот картинг шампионат во Португалија.
Северјуким кој се натпреварува со италијанска лиценца, за време на доделувањето на наградите тој на подиумот се обрати со нацистички поздрав.
ФИА отвори постапка против 15-годишниот возач, а неговиот тим, шведскиот Вард рејсинг го раскина неговиот договор.
„Ова е нарушување на етичкиот и моралниот спортски кодекс и моравме да преземеме чекор да го раскинеме договорот“, изјавија од тимот.
А рускиот возач објасни дека никогаш не поддржувал Нацизам. Не алудирав на нацистички поздрав. Сепак, некои го сватија тоа како навредливо и се извинувам. Жалам како сето тоа испадна. Знам дека направив глупост, ќе ја поднесам казната“, вели младиот возач.

ПретходноРакометарите нема да бидат сами: Околу 60 фанови од Виена ќе дојдат во Злин!
СледноАтлетико заврши уште еден трансфер, доаѓа играч за врска на Марсеј