Капитенот на Милан и италијански репрезентативец, Алесио Ромањоли многу веројатно следната сезона ќе го носи дресот на Лацио. Тој на лето е слободен играч и според реномираниот италијански новинар, Николо Шира е на пат за Рим, каде што ќе стане дел од тимот на Лацио.
Клубот од Олимпико има намера да изврши реконструкција на тимот, особено во одбраната, а изборот е паднат очигледно на искусниот Ромањоли.
Тој би требало да потпише петгодишен договор со вредност од 3.2 милиони евра по сезона.