Италијанската федерација побара остри казни за газдите на Јувентус, Наполи и уште девет други клубови

292

Денеска почна судскиот процес против 11 италијански клубови и 61 директор поради финансиски проневери од трансфери на фудбалери. Дел од оваа истрага се Јувентус и Наполи. Според медиумите во Италија, обвинителот на Италијанската фудбалска федерација побарал остри казни за челниците на клубовите кои се под истрага, и кои ќе бидат лишени од можноста да ги извршуваат своите функции на одредено време.

Овој скандал ја потресе фудбалска Италија сериозно, а судската завршница допрва треба да ги означи последиците од истата.

Па така, обвинителстовот бара претседателот на Јувентус, Андреа Ањели се соочува со казна од 12 месеци. Санкции можат да добијат и останатите челници на „Старата дама“. Павел Недвед, Маурицио Аривабене и уште шест директори се осудени на 8 месеци затвор, а Федерико Черубини на шест месеци и 20 дена. Најголемата можна санкција е за Фабио Паратичи, кој моментално е директор на Тотенхем . Можно е да добие 16 месеци. Што се однесува до Наполи, нивниот претседател Аурелио Де Лаурентис се соочува со затворска казна од 11 месеци, а неговата сопруга Жаклин, синот Едоардо и ќерката Валентина би можеле да бидат осудени на по 6 месеци. Андреа Киавели може да биде осуден на 9 месеци. Двата клуба може да се соочат и со казни – 800 илјади евра за Јувентус и 392 илјади евра за Наполи.

ПретходноМитревски: Ако Чешка брка голема позитива – си создава притисок! Ние треба да ја гледаме нашата игра!
СледноДа се поправиме против Луксембург