И официјално, Брегалница по пауза од две кола во кои како како домаќин мечевите ги играше во Скопје и Велес, сега се враќа дома, на својот стадион во Штип. Имено теренот под Исарот е готов, реконструиран и на него може да се игра фудбал. Па така мечот од 28.коло во ПМФЛ меѓу Брегалница и Шкендија, закажан за в недела, ќе се игра на Градскиот стадион во Штип.
Инаку од ова коло дури три натпревари ќе се играат в сабота, и тоа сите оние на кои играат полуфиналистите од Купот на Македонија, со цел да имаат еден повеќе одмор пред мечевите од оваа фаза, закажани за следната среда (20.04.2022).
Па така средбите Македонија ЃП – Работнички, Пелистер Шкупи и Борец – Струга ТЛ се играат на 16.04.2022, додека натпреврите Брегалница – Шкендија, Ренова – А. Пандев и Скопје – Тиквеш се играат во недела, на 17.04.2022.
ФОТО: Штипски асови