Денеска тимот на МЗТ Скопје Аеродром го игра првиот меч од АБА 2 финалниот турнир на домашен терен. Дуелот против Сутјеска е закажан за 18:00 часот и се е подготвено за спектакл.
Навивачите на МЗТ со недели се подготвуваат за прослава на својот љубилеј, а секако и на најважниот меч за клубот сезонава, па во таа насока е и поканата од легендарниот Крсто, кабинерот на клубот со децении, денеска сите навивачи да пристигнат во сала точно во 18:00 часот.