Нов шок на тенискиот мастер турнир во Монте Карло. По елиминацијата на Новак Ѓоковиќ, денеска од турнирот се прости и Карлос Алкараз, шпанското чудо. Се разбира по одличните игри на турнејата во САД, од него се очекуваше добар настап и во Монте Карло, но Алкараз денеска загуби од Американецот Себастијан Корда со 1:2 во сетови.