МЗТ Скопје ја „прелета“ Сутјеска, сега е на два чекора до АБА елитата!

192

Во натпревар од завршниот турнир во АБА 2 лигата, МЗТ Скопје со 73-68 (22-19, 18-16,13-15, 20-18 )успеа да го победи тимот на Сутјеска и да дојде на два чекори до пласман во елитата во регионалната лига.

Тешка победа, но засепак заслужено.

Треба да се спомене и супер атмосферата во салата “Јане Сандански“, фановите на своите миленици и тоа како им помогнаа во оваа победа.

Израмнето беше на стартот на овој натпревар. Во првите две минути резултатот беше 5-5, сепак една минута подцна гостите имаа 5-9, а потоа и 8-13. Во тие моменти Николов погоди за тројка па намали на 11-13. Следуваше добар МЗТ Скопје, подобра игра во одбраната, ефикасно во нападот и “металците“ дојдоа до 16-13, се разбира бодрени од бројната своја навивичка група во салата „Јане Сандански“.

Мекиќ исто погоди тројка за 19-15, сепак на крајот од првата четвртина резултатот гласеше 22-19 за нашиот првак, се чини разликата мораше и требаше да биде поголема.

Во втората четвртина сличен ритам на овој натпревар. МЗТ Скопке како да ги контролираше настаните на теренот,но и домашните и кошаркарите на Сутјеска правеа бројни грешки. Очигледно беше дека нервозата од важноста на мечот си го правеше своето.

No description available.

Сепак во 5.минута од оваа четвртина МЗТ Скопје се “одлепи“ на 32-24. Се виде дека ова темпо кое го наметна домашниот тим, гостите тешко дека ќе можат да го следат. Сепак, “металците“ треба да се каже дека вешто ги користеа бројните грешки на кошаркарите на Сутјеска. Веќе во 7.минута резултатот гласеше 34-26.

Штета, МЗТ Скопје имаше разлика од +8 во финишот, но на пауза се замина “само“ со +5, односно со 40-35.

Второто „полувреме“, односно третата четвртина Сутјеска се обиде што побргу да анулира нешто од водство, на момент се чини успеа во тоа, но во 5.минута од овој период МЗТ Скопје одново имаше +9 разлика, во тие моменти Николов со 12 поени беше прв кошгетер на мечот, навистина добро издание од негова страна.

No description available.

 

Домашниот состав продолжи со добрата игра, разликата во 7.минута веќе беше +13 за МЗТ Скопје, ова беше најубедливата разлика на мечот за “металците“.

Но Сутјеска не се дава така лесно, со неколку добри акции успеа да намали на само -3 разлика. Штета.

На крај 53-50, четвртина со многу грешки од двете страни, за одбележување е тоа што гостите успеаја да ја намалат разликата која изнесуваше и +13, на само -3. Уште еднаш штета.

Проблеми за “металците“, на почетокот од последниот период Сутјеска дојде само на 53-52, но Дејвис ја прекинува лошата серија на домашните со поени за 55-52.

Следуваше нешто посконцетрирана игра на домашните, убави поени и зголемување на водството на 61-55.

Во тие моменти во налет беше нашиот тим, како да се разлутија момците на тренерот Петровиќ, па на 5 минути до крајот разликата се качи на +8.

До крајот МЗТ Скопје знаеше како да го исконтролира мечот за да на крај успее да победи, да ја мине првата пречка на овој завршен турнир во АБА 2 лигата.

МЗТ вечерва ќе го дознае својот полуфинален ривал, ќе игра со победникот од средбата Широки – Спарс кој е на програмата вечерва од 21 часот.

Инаку полувиналето се игра во петок.

Претходно“Фалангата” веќе е во Злин: За кого-За Македонија (ФОТО)
СледноИ градоначалникот Муцунски навиваше за МЗТ: ГРМЕШЕ во “Јане Сандански“! (ФОТОГАЛЕРИЈА)