СПОРТМЕДИА во Злин, Марија Ковачева
Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и натаму е надвор од терените поради повреда. Тој се рехабилитира и се уште се нема вратено целосно во форма, не можеше да им помогне на ракометарите ниту на овој меч, но затоа дојде во Злин да ги бодри против Чешка. Манасков веднаш по натпреварот отиде во соблекувалната, знае како е да се игра еден ваков исцрпувачки меч, им честиташе за храбрата игра. Македонија на првата средба одигра реми 24-24,за четири дена во Скопје ќе има шанса да завери место на Светското првенство 2023.