Митревски: Ова беше прво полувреме, играме дома пред 7.000 навивачи!

137

Македонската ракометна репрезентација со реми (24-24) се врати од гостувањето во Злин. Мундијалската виза нашите момци ќе ја бараат на домашен терен, Чешка гостува во неделата во СЦ „Борис Трајковски“, место каде Кирил Лазаров и неговите избраници на крилата на навивачите секогаш излеувале како победници.

На првиот дуел имавме шанса за триумф, водевме со седум гола, имавме и активен резултат до пред самиот крај, но паднавме. Сепак и ваквата игра им дава мотив на ракометарите. Точно е дека победа и реми не е исто, но видоа дека против една Чешка на гостински терен можат да одиграат на едно високо ниво. Останува за реваншот да не се дозволат падовите, и секако со помош на публиката да се завери билетот за СП 2023 година.

„Одигравме 45 минути феноменално, на крај имавме 20-24, доста напади потоа не реализиравме што мислам дека еден-два од нив да реализиравме, ќе победевме со четири или пет гола. Сепак, пред меч нерешеното да ни го дадеше некој ќе го прифатевме. Ние излеговме да се надигруваме, иако имавме недоволно свежи информации за нив и новиот селектор. Бевме борбени, ги затворивме нивните напади. Чешка не изненади во некои ситници, но во глобала бевме доволно спремни. Во вториот дел малку не стигна заморот, како и неколку технички грешки. Нерешеното е добар резултат во моментот, затоа што заврши само првото полувреме. Имаме меч во Скопје пред 7.000 гледачи. Благодарност до сите што дојдоа во Злин да бидат зад нас, многу ни значи тоа. Не се сомневам дека дома ќе биде полна салата и ќе биде уште поубаво да се игра. Останува да се спремиме уште подобро за реваншот затоа што противникот сигурно ќе се обиде да измени нешто од новините кои ги воведоа на првиот меч“, изјави Митревски по натпреварот, кој мечот го заврши со 11 одбрани. 

Нашите ракометари во пет часот утринава пристигнаа во Скопје, ќе имаат доволно време да се одморат и да се подготват за нова тешка битка против Чешка.

ПретходноФеникс му се заблагодари на Морган, Крстајиќ се сели во Битола
СледноФФМ пак го изгаси „пожарот“ во Вардар