Денеска и утре се играат сите натпревари од 28.коло во ПМФЛ. Поради мечевите од полуфиналето во Купот на Македонија, денеска од 16 часот се играат три средби, а утре исто така три.
На денешната програма секако дека големо внимание прредизвикува градскиот дуел во Ѓорче, во кој се среќаваат Македонија ЃП и Работнички. На “лавовите“ им е неопходен секој гол, секој бод во битката за Европа, додека Работнички доаѓа со две победи во низа под водство на новиот тренер Стојан Игњатов.
Јасно е дека ќе биде „жешко“, како и секогаш кога играат овие две екипи.
Во Велес домашниот Борец ја дочекува Струга ТЛ, а во Битола гостува лидерот Шкупи, кој е само на два чекори до титулата. Имено ако денеска чаирчани победат, тогаш во наредното коло дома, против Ренова, ќе може и да стават печат на шампионската круна.
Какви се амбициите на Шкупи на денешното гостување кај Пелистер, свое видување има Инасио Куевен, бразилскиот интернационалец во дресот на чаирчани.
“Без разлика каде е на табелата, нема да биде лесно против Пелистер. Битолчани ја имаат предноста од домашен терен, но ние сме целосно подготвени и фокусирани за овој натпревар. Нема дилеми дека ги посакуваме бодовите, ја посакуваме победата“ потенцираше Куевен.
ДВОЈКИ ЗА 28.КОЛО (16 Ч)
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ (САБОТА)
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (НЕДЕЛА)
РЕНОВА – А.ПАНДЕВ (НЕДЕЛА)
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ (САБОТА)
БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ (САБОТА)
СКОПЈЕ – ТИКВЕШ (НЕДЕЛА)