Борис Бекер: Тенисот е пред уништување

200

Деветкратниот грен слем шампион и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, е загрижен поради „престрогите“ тениски правила.

Легендарниот германски тенисер смета дека санкциите за однесувањето на играчите на теренот за време на натпреварите се „самоубиствени“ за „белиот спорт“.

„Во мое време ни беше дозволено да покажуваме емоции. Можевме да „полудиме“ на теренот, но немаше социјални мрежи, камери и микрофони да го снимаат тоа. Денес е многу потешко за играчите, се е проѕирно и премногу за мојот вкус. Тенисот е интересен спорт. Не би сакал да гледам машини и роботи на терените. Тоа може да го убие тенисот. Крвта, потта и солзите мотивираат. Емоциите се добри”, рече Бекер.

Ваква бурна реакција на темпераментниот Бекер се должи на најавата на АТП дека ќе ги заостри санкциите за разговори со судиите и бурни реакции на теренот.

ПретходноСтартува трката за плеј-оф и за опстанок во „елитата“
СледноВМФЛ-ЗАПАД: “Братско дерби“ на ФФМ, Воска на мегдан со Гостивар, Силекс го пречекува Кадино…