ВМФЛ – ИСТОК: Беласица ќе атакува по трите бода со Саса, Слога (В) пред лесна победа со “фенерџијата“…

119

 

И на истокот за денеска од 16 часот закажани се сите пет натпревари од 23.коло. Секако дека дербито се игра во Струмица, каде Беласица, која е во налет, ја дочекува Саса. Нема сомневање дека ќе проследиме квалитетен фудбал на две квалитетни екипи од врвот на табелата во ВМФЛ –ИСТОК, сепак домашните се фаворити на хартија.

Слога (В) игра дома со ТИМ Локомотива. Лидерот е апсолутен фаворит против “фенерџијата“ и се освен лесна и убедлива победа за момците на стратегот Никола Кузманов ќе биде огромна сензација.

На другите натпревари играат Победа – Осогово, Пехчево – Детонит и Кожуф – Братство.

 

ДВОЈКИ ЗА 23.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

ПЕХЧЕВО – ДЕТОНИТ

КОЖУФ – БРАТСТВО

СЛОГА (В) – ТИМ ЛОКОМОТИВА

ПОБЕДА – ОСОГОВО

БЕЛАСИЦА –САСА

ТАБЕЛА

Слога (В) 48, Беласица 47, Победа 47, Саса 44, Пехчево 27, Кожуф 27, Осогово 27, Детонит 21, Братство 13, ТИМ Локомотива 6.

ПретходноВМФЛ-ЗАПАД: “Братско дерби“ на ФФМ, Воска на мегдан со Гостивар, Силекс го пречекува Кадино…
СледноПотегот на Милошевиќ со кој ја дигна на нозе публиката во „Јане Сандански“ (ВИДЕО)