Лина Ѓорческа се пласираше во финалето на ИТФ фјучерсот во Санта Маргарита ди Пула во Италија. Најдобрата македонска тенисерка денеска во полуфиналето во драматичен меч, кој траеше три часа, успеа да ја победи Теа Лукас од Хрватска со 2:1 во сетови.
Хрватката успеа да го добие првиот сет со 3:6, Лина во вториот сет врати со идентични 6:3. За да потоа во третиот и решавачки сет во тај – брејкот Македонката успеа со 9:7 да победи со 2:1 во сетови. Да кажеме дека Лукас имаше и две меч топки, но Лина знаеше како да се врати во игра и на крајот да слави.
Утре во финалето Лина ќе се бори против Ведер од Холандија.