Баерн (М) се откажува од Забицер, летово оди на продажба

182

Играчот за врска на Баерн (М), Марсел Забицер, не ги исполни очекувањата на клупското раководство, па во текот на летниот преоден рок ќе биде ставен на трансфер листа, пишува германски „Спорт1“. Според извор од клубот, Баерн не бил импресионирани од играта на 28-годишниот Австриец и сите се согласни дека тој треба да биде продаден доколку клубот добие понуда од најмалку 15 милиони евра.

Забицер настапи на 26 натпревари за Баерн во сезоната 2021/2022, но ретко е дел од стартната постава. Тој дојде во Минхен минатото лето од РБ Лајпциг.

ПретходноИмобиле го спаси Лацио од пораз (ВИДЕО)
СледноРангник за Роналдо: Тоа не е моја одлука!