Со големи проблеми, со гол во 90+10.минута од пенал и тоа откако ВАР реагираше, Атлетико Мадрид со 2:1 славеше против Еспањол. Еден гостински играч играше со рака во 95.минута, па потоа имаше речиси петминутно прегледување на ситуацијата, за да конечно беше покажан пенал за домашните, а Караско беше прецицизен.
Треба да се каже дека домашните поведоа со голот на Караско во 52.минута, но гостите од Барселона израмнија во 74.минута преку Де Томас. Претходно мадриѓаните останаа со играч помалку, Кондогбија доби втор жолт картон.