Пато му се додворува на Милан: На Сан Сиро знаат дека сум спремен за кам-бек

158

Поранешниот бразилски напаѓач на Милан Александре Пато моментално игра за Орландо Сити и има договор до декември 2022 година, меѓутоа изјави дека со задоволство би се вратил да игра за „росонерите“. И покрај тоа што дојде со големи амбиции во Милан, сепак, покажа премалку, па по неколку турбулентни сезони Бразилецот го напушти „Сан Сиро“ во 2013 година со тоа што отиде во Коринтијанс.

Се чувствувам добро во Орландо и се уште имам договор, но Малдини знае дека сум спремен да се вратам. Сега сум помудар имам поинаков однос кон фудбалот и би можел да им помогнам на младите играчи“, прокоментира Пато за „Газета дело Спорт“.

Ми недостасува Италија и Италијанците. За мене Милано е фундаментален град. Научив многу работи таму и ми недостасува. Исто така би сакал да се вратам во клубот. Освен тоа во Серија А има многу играчи на моја возраст, па и повозрасни кои играат успешно. Овој Милан напредува и има светла иднина затоа што директорите разработија добра стратегија за развој“, вели Бразилецот.

ПретходноМатиќ следната сезона во Рома
СледноДе Шиљо: Повеќе млади италијански играчи треба да играат во странски лиги