ПСЖ не сака ѕвездичка над логото за десет освоени титули, ќе ја чека ЛШ!

142

Пари Сен Жермен уште во среда би можел да биде прогласен за нов шампион на Франција. За да се исполни тоа ПСЖ треба утре да го победи Анже, а Марсеј да не го победи Нант. Ако се случи тоа тогаш ПСЖ ќе ја освои десеттата титула шампион на Франција.

Тие ќе станат третиот клуб со точно 10 шампионски титули во Франција, па на врвот би се изедначиле со Сент Етјен и Олимпик Марсеј.

Со тоа ќе се стекнат со право да ја стават првата ѕвездичка над логото, но сепак нема да го искористат. Како што пишува „Паризиен“, ПСЖ не размислува за таа опција да почнат да носат но и да продаваат дресови со ѕвездичка над логото туку ќе чекаат да ја освојат првата титула во Лигата на шампионите.

Сент Етјен својата ѕвездичка над логото ја стави за 10-те титули, додека Марсеј својата ја ставил во 1993 година кога станаа европски шампиони.

Катарските газди поголема важност и даваат на европската титула отколку на деветте во Лига 1.

ПретходноАрсовски обезбеди бронза, ќе атакува на финале
СледноШампионот тргнаа со победа во женското плеј-оф финале