Ладио му понуди на Сари договор на 2 години и плата од 3 милиони евра

328

Раководството на Лацио продолжува со преговорите со Маурицио Сари. Претседателот на клубот Клаудио Лотито се надева дека ќе го затвори ова прашање денес, откако излезе информација дека римјаните се подготвени да му понудат 2-годишен договор на Сари со плата од 3 милиони евра.

Тренерот исто така ќе добие 500.000 евра во случај на пласман во Лигата на шампионите. Договорот ќе вклучува клаузула за автоматско продолжување на договорот за уште една сезона.

Минатата сезона Лацио под водство на Симоне Инзаги го зазеде 6-то место во Серија А, а 62-годишниот Сари е без работа откако го напушти Јувентус минатиот август.

ПретходноЈончевски останува во Гостивар
СледноМагичниот Лука со 42 поени повторно ги реши Клиперс на гости (ВИДЕО)