Фудбалерите на Фрајбург се првите патници во финалето на Купот на Германија. Вечерва во првото полуфинале, Фрајбург со убедливи 3:1 славеше на гости кај Хамбургер и со тоа си го потврди патот кон Берлин на големото финале.
Интересно е што сите три гола Фрајбург ги постигна во првото полувреме и стана само вториот тим кој по Баерн (М) успеал во едно полувреме да постигне три гола како гостин во полуфинален меч од Купот на Германија.
Головите за гостите ги постигнаа Петерсен (11’), Хефлер (17’) и Грифо од пенал (35’). Единствениот гол за второлигашот беше дело на Глацер во 88. минута.