Дека вонсерискиот талент на Лука Дончиќ почна да испишува нова страница од историјата на НБА лигата, покажува и рекордот кој го постигна по синиќешната победа над ЛА Клиперс во петтиот меч од првата рунда на плеј-оот. Имено, Дончиќ го одигра својот четврти натпревар во плеј-офот со 40+ поени на 22 години.
Ова е најдобриот индикатор кој некој играч на таа возраст го има постигнато во историјата на НБА. Тој ги надмина Леброн Џејмс и Кевин Дурент и сега е прв на листата.
Дончиќ има 359 поени на неговите први 11 натпревари во плеј-офот во кариерата и дојде на петтата позиција на вечната листа. Само Мајкл Џордан (405 поени), Боб Мекадо (379), Карим Абдул-Џабар (377) и Вилт Чембрлен (377) постигнале повеќе.