Силекс втора година по ред финалист

200

Тимот на Силекс втора година по ред е финалист во националниот куп на Македонија. Кратовци обезбедија пласман во финалниот меч откако предмалку на гостински терен во полуфиналето беа подобри од тимот на Пелистер со минимални 0:1. На стадионот Петар Милошевски во  Битола, денеска единствен стрелец беше Антонио Каланоски во 36. минута, по одличниот удар од полудистанца односно од работ на шеснаесетникот.

Пелистер имаше свои моменти на овој меч, но реално Силекс заслужи да оди понатаму. Покрај голот, а особено во вториот дел, Кратовци имаа неколку ситуации во кои можеа да го удвојат водството но тоа сепак не се случи. Контранападите беа главното оружје на Силекс, но  ниту стартерите, а ниту Цветаноски односно Танушев, кој влегоа во вториот дел, не успеаа да реализираат.

Пелистер пак во оваа очајна сезона во која клубот од прволигаш заминува во релегација, барем се надеваше на некаков успех во купот, но сепак, тоа не се случи. Напроти тоа, Силекс, освојувачот на купот од минатата сезона ќе има можност да ја брани титулата и годинава.

 

ПретходноВелкоски стрелец за Сараево, заедно со Васоски и Аврамовски ќе играат куп финале
СледноМЃП слави куп финале по пенал „рулетот“ во Струга (ВИДЕО)