Тимот на Силекс од Кратово и официјално ќе биде првиот второлигаш кој ќе биде дел од финалето од купот на Македонија. Избраниците на Горазд Михаилов денеска одиграа без грешка во Битола и сосема заслужено ќе имаат можност да ја одбранат титулата од минатата сезона.
„Испишуваме историја. Потврдуваме дека сме квалитет, дека на овој клуб, не му е местото во втора лига, напротив. Очигледно дека сме кадарни да се носиме со сите. Честитки до моите играчи, изгинаа на терен, одиграа перфкетно, без грешка, онака како што се договоривме, и како што посакувавме. Цела сезона играме добро, немаме пораз, очигледно дека добро работиме како во домашни услови, така и на подготовките во Анталија. Посакувам трофеј секако, зошто да не. Не ми е важно кој е противникот, ние гледаме ние што ќе одиграме. На крајот би сакал да му честитам на Пелистер за добрата и пред се коректна игра, на примемот, на публиката, на атмоферата, и се надевам дека овој клуб, многу бргу ќе се врати онаму каде што му е местото“ – изјави за Спортмедија, Горазд Михаилов.