Холанѓаните го нападнаа Де Бур за системот 5-3-2, тој вели дека е идеален за оваа селекција

1811

Бројни критики стигнаа на адреса на селекторот на Холандија, Франк де Бур за неговото форсирање на системот 5-3-2 со кој играше и на вчерашниот меч со Шкотска. Иако тој го нарече 3-5-2, холандските аналитичари велат дека она што „лалињата“ го играа против Шкотска беше многу дефанзивно и во најголем дел со петмина во одбраната.

Франк де Бур на прес-конференцијата по мечот ја бранеше својата стратегија истакнувајќи дека Холандија на следните средби ќе изглед амногу пдообро и во овој систем на игра.

„Само еднаш го пробавме овој систем. Не треба да очекувате дека ќе играме како машина иако се надевате на тоа. Ми се чини јасно дека може и мора да биде подобро. Видов добри моменти, но можеби беа премалку. Убеден сум дека можеме да играме добро на овој начин. Мислам дека имаме и вистински играчи за овој систем на игра. Затоа воопшто не сум загрижен“, изјавил де Бур.

ПретходноКонте има нов клуб, го чека голем проект во Премиерлигата!
СледноКазахстанците “заглавија“ на аеродромот во Скопје, па ФФМ мораше да помага!