Манчестер Јунајтед му дава на Тен Хаг 200 милиони за трансфери

159

Според денешното изданите на „Мирор“, новиот менаџер на Манестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг на лето ќе добие 200 милиони фунти како би ги довел засилувањата кои му се потребни. Холанѓанецот денеска е промовиран како нов кормилар на „Ѓаволите“ во следниот период, и тој веројатно уште од сега се има сериозно заангажирано во насока на засилување на екипата.

На лето Јунајтед со сигурност го напуштаат голем број на играчи од типот на Пол Погба, Џеси Лингард, Немања Матиќ, Хуан Мата. Поголемиот дел од овие имаат истечени договори. Од друга страна, мандатот на Олд Трафорд многу веројатно завршува и за Арон Ван Бисака, Ерик Баји, Фил Џонс, Алекс Телеш, Ентони Марсијал, Маркус Рашфорд. За Дони Ван Де Бек се претпоставува дека ќе ја „преживее“ оваа реконструкција во клубот, затоа што Тен Хаг добро го познава од времето минато во Ајакс, и ќе му даде уште една шанса.

ПретходноЛуис Хамилтон и Серена Вилијамс може да станат нови „газди“ на Челзи
СледноВест Хем не сака да му се случи Барса: Ќе казнува навивачи кои ќе препродадат карти