Утре во 18 часот нашата репрезентација ќе ја одигра втората контрола пред ЕП, ривал ни е селекцијата на Казахстан. Инаку експедицијата на оваа репрезенатција синоќа имаше непријатности на аеродромот во Скопје, и тоа своја вина, па затоа беше “заглавена“ неколку часа. Едноставно голем дел од членовите на казахстанската експедиција ги немаа потребните визи за влез во Македонија. Ове поради фактот дека администрацијата на нивниот сојуз направи голем пропуст.
Со цел се да биде како што треба, гостите да можат да влезат во Македонија и утре да го одиграат натпреварот со нашите “рисови“, своја улога одиграле и челниците на нашата Фудбалска федерација, кои помогнале сета оваа непријатност да се реши.
Па така по неколку часа минати на скопскиот аеродром гостите од Казахстан сепак успеале да пристигнат во хотелот во Скопје каде што сега се во очекување на попладневниот тренинг и утрешниот пријателски меч со нашата селекција.