Фернандо дос Сантос е нов фудбалер на австриски Салцбург. Како што објавија денеска од австрискиот гигант, Фернандо доаѓа во Салцбург од украински Шахтјор Доњецк и потпиша договор до 30 јуни 2027 година.
23-годишниот бразилски напаѓач му се приклучи на Шахтјор во летото 2018 година. Една година подоцна беше позајмен во Спортинг Лисабон на шест месеци, а потоа се врати кај Украинците.
Брзиот напаѓач з авреме на престојот во Украина постигна 12 гола на 69 настапи за Шахтјор.
Поради ситуацијата во неговиот поранешен клуб во Украина, Бразилецот изминативе неколку недели тренирал индивидуално во својата земја. Фернандо ќе има право на настап од следната сезона.