Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино се надева дека Килијан Мбапе ќе го продолжи договорот со парижани и следната сезона повторно ќе го има во тимот.За Мбапе се зборува дека скоро сигурно се сели во Реал (М), затоа што нема нов договор со ПСЖ, а актуелниот му завршува во јуни.
„Како тренер морам да се справувам со секоја ситуација и да се адаптирам. Меѓутоа, ако треба да бидам себичен, се надевам дека Килијан ќе остане со нас. Ако го направи тоа, ќе го носам на одмор со мене. Дури и дома“, изјави Покетино.