Вардар 1961 со двојна титула ја заврши сезоната во македонскиот шампионат. По вчерашниот дуел против Металург, тренерот Стевче Алушовски уште еднаш потврди дека нема да биде тренер на тимот, но ниту пак размислува да има поинаква улога.
Најавите дека Веселин Вујовиќ ќе биде новиот стратег стигнаа токму на вчерашната средба, тој му правеше друштво на првиот човек на Вардар.
Каков ќе биде планот за следната сезона, конечно ќе биде познато утре, од клубот закажаа прес-конференција на која ќе биде присутен Михајловски. Нема да биде изненадување доколку се појави и Вујовиќ.