Усман Дембеле се уште не одлучил дали ќе остане во Барселона. Тој со каталонскиот гигант има договор до крајот на оваа сезона, а веќе е познато дека одбил неколку понуди за продолжување на соработката.
Иако во јануари беше на излезните врати на Барселона и одби трансфер, остана во тимот и покрај тоа што му беше порачано дека ќе седи на трибини. Но, Чави Хернандез не го направи тоа, го врати Дембеле во составот, а тој во вториот дел од сезоната стана најдобар играч на каталонскиот гигант.
Веќе неколку недели се зборува тој веќе се предомислил и дека ќе остане во тимот, но својата конечна одлука ќе ја соопшти по крајот на сезоната.
Но, еден детал се најде во центарот на вниманието меѓу навивачите. Дембеле на Инстаграм стави дека е фудбалер на Барселона, нешто што претходно не беше случај, па според фановите ова потврда дека ќе остане.