Веднаш по мечот синоќа на “Вембли“ во кој Тајсон Фјури со нокаут го победи Дилијан Вајт, “Кралот на Циганите“ прими голем број честитки. Сепак една се одвои од сите.
Фотографите го забелажаа најемотивниот момент на вечерта кога едно дете без раце и нозе, дојде до шампионот и се прегрнаа.
Подоцна Фјури објасни дека тој со Маршал Џенсон се запознале минатата недела. Боксерот му кажал на Маршал дека од него бара да му го донесе појасот на рингот веднаш после борбата.
“Тој ќе ми го донесе појасот во рингот, ќе собереме пари за неговите раце“ кажал Фјури тогаш.
Инаку Маршал на своја возраст од една година боледувал од ретка болест, па морале да му ги ампутираат и рацете и нозете со цел да му го спасат животот. Сега има вештачки нозе, а со помош на Фјури ќе има и вештачки раце.
Величенствен, фантастичен гест на големиот шампион.
ФОТО: gbnews.uk