Едно добро полувреме за ракометарките во Норвешка

127

Македонската ракометна женска репрезентација повторно пружи добри минути против актуелниот европски и светски првак, но за жал беа на крајот беа поразени. Норвешка и на домашен терен славеше со 32-27 во последниот меч од ЕХФ Купот.

Дабевска постигна пет гола од шест обиди, по четири имаа Ристовска, Јанеска и Гичевска, три запишаа Садовска и Џатевска. Мицевска запиша пет одбрани.

Избраничките на Љубомир Савевски цели 13 минути имаа водство на оваа средба. Од 11 минута тргна серијата на Македонија од 3-0 за 6-8. Нашите ракометарките водството го имаа до 25 минута (10-11). Норвешка успеа да се врати на одморот беше 14-14, откако Ристовска реализираше на нови плус еден (13-14), противникот реализираше седмерец за реми.

Во продолжение се промени сликата, домашната репрезентација дојде на плус четири (22-18), а потоа и на 27-22 и 28-23.  Ова водство се покажа како доволно за мирен финиш и шестта победа на Норвешка во ЕХФ Купот.

На другата страна Македонија во друштвото на земји кои обезбедија директно место на Европското првенство кое ќе се одржи и во Скопје, запиша шест порази.

ПретходноПулишиќ донесе три бода за Челзи, Брајтон и Саутемптон ремизираа (ВИДЕО)
СледноНаполи прокоцка победа и се збогува со шансите за Скудето (ВИДЕО)