Ѓорѓиев стана шампион на Словенија: АЦХ Волеј ја освои 18. титула!

84

Одбојкарите на АЦХ Волеј Љубљана ја слават 18. титула во словенечкиот шампионат. Во третиот меч од финалната серија, тимот на нашиот репрезентативен капитен Никола Ѓорѓиев по третпат го совладаа Калцит Волеј од Камник, овој пат со 3-0 (25-18, 25-20, 25-21) во сетови и непоразени ја завршија сезоната освојувајќи го шампионскиот пехар.

По пауза од една година, со доаѓањето на Ѓорѓиев во тимот, АЦХ Волеј успеа да го врати приматот на словенечката одбојкарска сцена и го симна Меркур Марибор од шампионскиот трон.

ПретходноБаерн е во паника: Гнабри ги одбил сите понуди за продолжение на договорот
СледноМЗТ Скопје А. ја запре победничката низа на Еуро Никел